Промоција на антологија на аргентинскиот расказ во Битола

Денеска (понеделник, 21 јули) во 21:00 часот во Магаза ќе биде промовирана книгата „Потекло на зборот“ – антологија на аргентински расказ.

Апсурдноста и иронијата се одлика на овие раскази изразени во повеќе форми. Без оглед дали се работи за човечката психологија, обичниот живот, впечатливите ликови, последователноста како судбина. – Гордана Стојковска

Секој избор на раскази од одредена национална книжевност значи да се апострофираат различностите, но од друга страна да се најде единствен концепт, заеднички интелектуален и естетски именител. Во овој избор таа функционалност е брилијантно изработена. – Тодор Јовчевски

текст: избор и предговор Фросина Стојковска,
Превод: Фросина Стојковска, Борјана Мојсовска, Марјан Ѓоршески, Игор Поповски
Издавач: ИЦ Слово Љубве, Скопје 2013
Промотори на книгата: Гордана Јовиќ Стојковска, Тодор Јовчевски
Фрагменти од расказите читаат: Владана Сивевска, Марија Јовчевска

Само уметник може да ги пренесе привиденијата на една епоха, стилот, да ја направи опиплива атмосферата на еден свет што се загубил. – Сесар Аира

Сметам дека нам ни се падна ужасната мисија да присуствуваме на самракот на милоста и дека не ни останува друго освен да пишуваме остатоци од тага за да не излеземе на улица да фрламе бомби или да монтираме јавни куќи. – Роберто Арлт

Можеби пишувањето не е ништо друго повеќе од еден од начините да се организира лудоста. – Исидоро Блаистен

Литературата не е ништо друго освен режиран сон. – Хорхе Луис Борхес

Реалноста не е само страсоносна туку и речиси нераскажлива. – Родолфо Валш
мојата вина оди толку бавно што секогаш ја достигнуваат прошката и заборавот. – Марко Деневи
моралот го регрутира дејствувањето на човекот како приватна индивидуа; честа, пак, неговите дела како јавен човек. – Естебан Ечеверија
Романсиерите и издавачите сметаат дека романот е поважен од расказот. Не верувај им. Единствено е подолг. – Абелардо Кастиљо
Расказот е роман прочистен од руини. – Орасио Кирога
Книгите се единственото место во домот каде што се уште може да се биде спокоен. – Хулио Кортасар
Зборовите се моќни. Јазикот води битка. – Клаудија Пињеиро
Да не постоеше провокацијата, расказот ќе се кристализираше во стереотипни форми. А, ако нема ризик, чуму пишување? – Хуан Хосе Саер
Ништо полошо од тоа да си болен од литература. – Родолфо Фогвил

You May Also Like