Во организација на одделението Културно- контактна точка (ККТ) при Министерството за култура на Република Македонија, на 30 мај 2011 година (понеделник ), во 11:30 часот во ЕУ Инфо-центарот во Скопје ќе се одржи Инфо-ден посветен на програмата „Култура 2007–2013“.
Инфо-денот, кој се реализира во соработка со ККТ на Република Бугарија, Делегацијата на ЕУ во Скопје, организациите: „Црвена куќа“ и „Елијас Канети“ од Република Бугарија и Младинскиот културен центар и Контрапункт од Република Македонија, ќе го отворат заменик-министерот за култура на РМ, Драган Недељковиќ, и заменик-амбасадорот на Р. Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов.
За време на Инфо-денот, културните оператори од Република Македонија ќе имаат можност да се запознаат со: структурата, критериумите, електронскиот формулар за аплицирање (Дел 1.2.1) на програмата „Култура 2007–2013“, базите за барање партнери и европските мрежи од областа на културата. Инфо-денот предвидува и презентација на три успешни проекти (Проекти за соработка, Дел 1.2.1) поддржани од програмата Култура на ЕУ: Стрип, Околу Европа и ПЛОТС.
Исто така, ве информираме дека во рамките на Инфо-денот, во организација на Делегацијата на Европската комисија во Скопје, во 18:00 часот ќе бидат претставени македонските амбасадори на културата во ЕУ како дел од проектот: „Култура и луѓе“. Настанот ќе го отворат Н.Е г. Петер Соренсен, амбасадор на ЕУ во Република Македонија и Елизабета Канческа – Милевска, министер за култура на Република Македонија.
Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на Културно – контактната точка на Република Македонија: www.ccp-macedonia.gov.mk