Галерискиот простор во Порта Македонија ќе може да се изнајми за 500 евра за еден ден. Граѓаните ќе може да го користат за организација на мултимедијални настани, конференции, собири, симпозиуми, а ќе се изнајмува и за веридби и свадби.
Изнајмување на галерискиот простор во Порта Македонија за еден час чини 6000 денари, за два часа 10000 денари. За три часа изнајмување на просторот во Порта Македонија ќе треба да платите 15000 денари. Закупување на просторот за повеќе од пет часа, чини 30000 денари. Во цената за изнајмување е вклучена комплетна аудио и видео опрема за користење, а постојат и услови за симултан превод.
Галеријата е на две нивоа и е со површина од 120 и 76 метри квадратни. Посетителите можат да уживаат и на терасата на „Портата Македонија“ која служи како видиковец и кафуле. Има и два двогледи за разгледување на градот.
Порта работи секој ден од 10 до 22 часот, а влезниците се по симболична цена од само 30 денари.