Заврши деветтиот Job Fair

Денеска на техничките факултети во Карпош II заврши тридневниот Саем на вработување и кариера – Job Fair во организација на БЕСТ. Годинава саемот се одржа по деветти пат.

Job Fair е проект во целосна организација на БЕСТ Скопје и истиот им нуди одлична шанса за вработување, пракси и соработка на студентите и компаниите во Македонија.

На саемот за вработување и кариера и оваа година се претставија успешни компании од целата држава, а целта на овој настан беше доближување на компаниите до студентите и дипломците преку директен контакт на работодавците со нивните идни вработени.

Стдентите имаа можност директно да им се обратат на претставници на компаниите, да се консултираат, како и да побараат одговор на голем број прашања. Тие имаа можност да присуствуваат и на предавања, презентации и обуки на различни теми: “Како до сопствен бизнис”, “Обука за пишување професионално CV” и “Како до поголема вработливост на инженерите (студентите) во Р.М.”.

———————

БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка
организација која на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

You May Also Like