Центарот за културен проток “АРТерија” објавува конкурс за учество на вториот по ред Уметнички Фестивал Охрид “УФО” 2012.
Сите заинтересирани можат да испратат CV, портфолио и фотографии од проектот со кој сакаат да учествуваат, на e-mail адресата: arterija@ymail.com
Темата е слободна, а предност ќе имаат проекти кои досега не биле прикажани/изложени јавно на некој настан. Проектите можат да вклучат дела изработени во најразлини медиуми и дисциплини (слики, графики, фотографии, инсталации, видео арт, перформанси итн.), и во зависност од проектот ќе биде понуден соодветниот простор.
Крајниот рок за пријавување е 20-ти Октомври 2011.
Center for cultural flow “ARTerija”