Денеска (8 август 2014 година, петок) со почеток во 18.30 часот во Хотел Метропол, Охрид, ќе се одржи свеченото отварање на IV-тата Mеѓународна летна школа со наслов „„Направи разлика – стани Европски лидер за одржлива конкурентска предност“.
Оваа Летна школа е во организација на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и интернационалната платформа АИЕСЕК Локален комитет-Скопје.