Градско првенство во атлетика на скопските средношколци

Денеска, 25.04.2013 година, на атлетската патека на Арената „Филип Втори“, се одржа градското првенство во атлетика на Средните училишта на територија на град Скопје.

Натпреварите што се одржаа  денеска, всушност беа квалификации за Државното  првенство во атлетика за средни училишта.

Над 400-тини средношколци,  на градскиот стадион во Скопје се натпреваруваа во неколку атлетски дисциплини во машка и во женска конкуренција. Машките трчаа на 100 метри, на 400 метри и на 1500 метри, фрлаа ѓуле од 5 и 6  кг и скокаа и во далечина и во височина. Женските пак, трчаа на 100 метри, 400 метри и на 1000 метри, фрлаа ѓуле од 4кг и скокаа во далечина.

Натпреварите беа во организација на Атлетската федерација на Република Македонија, Сојузот на средно- училишен спорт во Скопје и Град Скопје, а учениците со најдобрите 6 времиња во секоја од категориите ќе учествуваат во  натпреварите во рамки на Државното првенство во атлетика за средношколци на Република Македонија, што ќе се одржи на 11 мај 2013 година.

You May Also Like