Во Прилеп поставен мозаик со ликот на Тоше

Денеска (16 октомври, 2012 година) денот кога пред 5 години во собраќајна несреќа кај хрватскиот град Нова Градишка животот го загуби најголемата македонска поп ѕвезда Тоше Проески, во центарот на Прилеп ќе биде подигнато спомен обележје-мозаик со неговиот лик.

Мозаикот во форма на солза, кој 4 години го работеше прилепскиот професор по физичко возпитување Ристо Тошески, е висок 5 а широк скоро 3 метри. Делото на Тошески го откупи Општина Прилеп за 600.000 денари.

Со поставувањето на спомен обелжјето Општина Прилеп ќе оодаде достоен пиетет на Тоше Проески кој првите чекори во неговата извонредна кариера ги направи токму во Прилеп со победите на интернационалниот фестивал Мелфест.

You May Also Like