Театра слави втор роденден

Независниот театар Theatra на 27 април 2013 година ќе прослави две години од своето основање.

Театарот во изминатите две години продуцираше завиден број на претстави и проекти, почнувајќи со претставите „Мизантроп“, „Звукот на коските што се кршат“, „Хауситери“, воведе свежина во радио етерот со радио драмите „Пеперутка“ и „Случајно“ а претстави и нова форма на театарски израз преку трансмедијалното доживување „Привид“, што го издвојува како еден од ретките независни театри со своја континуирана продукција.

Роденденската прослава ќе се одржи во кафулето „Дамар“ во старата турска чаршија, со почеток во 21ч.

Тимот на Theatra најавува невообичаен перформанс, претставување на нови проекти, изненадувања за сите посетители и секако, многу забава. Со присуството на настанот и нарачка од специјалното роденденско мени имате можност да го дадете и својот личен придонес за развојот на Theatra.

You May Also Like