Вечер на вино, љубов и пријателство во Битола

Lions Клубот Кабадаја од Битола во рамките на своите годишни активности, на 15ти февруари, во петок, ја организира хуманитарната забава – вечер на вино, љубов, пријателство.

Служејќи и на заедницата како амасадори на добрата волја, членовите од Лајонс Клубот Кабадаја се длабоко посветени на светата мисија за промовирање на на принципите на добро граѓанство и поттикнување на луѓето да земат активно учество во одржувањето на благосостојбата на заедницата.

Пред три години започнавме еден нескромен проект, кога со поддршка на многумина наши пријатели, успеавме да го помогнеме реновирањето во Дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост при ЦСР Битола и да ја изградиме првата Сензорна Соба во Република Македонија.

Оваа сензорна соба, што ја користат постојаните и повремени корисници на услугите на Дневниот центар,  е наменета за вежби и рекреација на децата со тешка ментална ретардација, деца заболени од церебрална парализа, аутистични и хиперактивни деца. Во собата се инсталирани посебни светла, звуци и предмети кои позитивно влијаат врз сетилата на лицата со посебни потреби.

Нашите донаторски активности, хуманитарни акции и волонтерска работа се постојано насочени кон подобрување на условите на децата со посебни потреби, едукација и нивна интеграција во општеството. Собраните средства од оваа хуманитарна вечер, помогната од Винарија Попова Кула, се наменети на до-опремување на Дневниот центар.

You May Also Like