Македонците ќе добиваат термин за работни визи за Германија по пат на лотарија

Германија воведува лотарија за добивање термин за работна виза за македонските граѓани.  Сo најновото ажурирање кое го направи Амбасадата, ќе има нови правила  за процедурата за закажување, поради многу голем интерес.

  • За таа цел, во февруари по првпат ќе се отвори нова листа за регистрација на термини за поднесување барање за визи. Оваа прва листа ќе биде отворена за регистрации за одреден временски период (најверојатно 2 недели). Листата нема да се затвори, како досега, кога ќе се дојде до одредена бројка на регистрации. Наместо тоа, листата за регистрација ќе се затвори на одреден ден и од сите регистрации, компјутерски, по случаен избор по пат на лотарија ќе се избере кој ќе добие термин во март 2022 година. За точните податоци кога ќе се отвори листата, ќе информираме навреме на нашата веб-страница и преку нашиот фејсбук-профил велат од германската амбасада во Скопје.

Лотаријата ќе се реализира во германското Министерство за надворешни работи во Берлин под надзор од повеќе лица. Голем број од македонските граѓани сакаат да заминат на работа во Германија. Податоците на Евростат покажуваат дека во оваа земја има повеќе од 100.000 македонски граѓани.

You May Also Like