Светски ден на водата

Одбележувањето на денешниот (22 март) Светски ден на водата 2013 е замислено како кампања од неколку типови активности, различни целни групи, на различна возраст, со различна професионална позадина и со различни животни навики (деца од градинка и во основно училиште, бизнисмени и спортисти, родители и уметници), а се со цел да се прикаже водата како неоходен ресурс за живот, за секој од нив.

Земајќи ја во предвид темата за оваа година „Water cooperation“ сакаме да ја прикажеме улогата на секој од нас во ланецот на водата, но и улогата на водата во различните сфери и сектори на нашето живеење и работење. Преку реализацијата на оваа кампања Македонија ќе се најде на светската мапа на земји кои се залагаат за пристап кон чиста вода за сите жители на планетава и нејзина афирмација.

Програма:

Светски ден на водата – Соработка за вода
Ramstore  mall, Клуб на сезнајковци, први кат

22.03.2013, петок

10.00 – 14.00    Изложба на фотографии, поезија и цртежи на тема „Вода“.
На изложбата би биле презентирани околу 50 дела, во различни техники, избрани на претходен конкурс.
10.00 – 11.30    Креативна работилница за изработка на голем постер на тема „Вода за сите – соработка за вода“.
Постерот ќе го изработуваат деца на возраст од 3-5 години со помош на членови од Rotaract клубот од Скопје.
11.00 – 11.30    Време за медиуми (поканети се сите медиуми)
Обраќања од страна на организаторите и поддржувачите
11.00 – 14.00    Промотивни штандови со материјали поврзани со Водата –
едукативно-информативна комуникација со граѓани и спроведување на анкета
Симболичен штанд за „продажба на вода” под мотото „Колку за вас вреди една чаша вода?” (собирање донации за проект во Кенија)
Присуство на партнерски организации, како поддршка на кампањата, во различни сфери и дополнителни области:
– Македонска платформа против сиромаштија
– ЦСИ „Надеж“
– „Лице в лице”

Светски ден на водата – Walking for water

23.03.2013, сабота

10.30 – 11.00    Ramstore mall,

•    регистрација на учесници и распределба на материјали

11.00 – 11:30    Ramstore mall,

•    обраќање до присутните од организаторите и поддржувачите

•    подготовка за маршот и загревање преку игра

11:30 – 12.30    Пешачење Ramstore  mall – улица Македонија – Плоштад Македонија – покрај Вардар – до Градскиот парк (50 деца на возраст мегу 10 и 15 години, ќе пешачат 6км со 6л вода во своите ранци, како синоним на тешкиот пристап до вода и поддршка за децата во третите земји. Граѓани и организации се поканети и ќе ги придружуваат)

12:30 – 13.00    Градски парк – кај големото езерце

•    пауза за одмор и ужинка

•    интерактивно и едукативно дружење на учесниците и извидниците од скопскиот извиднички одред ГАЛЕБ

13.00 – 14.00    Прошетка околу езерцето и пешачење назад до Ramstore mall

11.03.2013- 16.03.2013 Недела посветена на едукација за вода и Светскиот ден на водата Q language school

14.03.2013 – 18.03.2013 Едукативни работилници на тема вода во Детската Установа СРНИЧКА (градинка ЛАЛЕ), општина Аеродром

16.03.2013 Едукативни работилници во 6 групи на деца на возраст од 5 до 15 години, во интернационалната институција Brainobrain

19.03.2013 Едукативни работилници во ОУ „Ацо Шопов”, општина Бутел

Иницијатор и носител на активностите е Здружение за зелено општество – Гринер, а имаме поддршка од Rotary, Rotaract и Interact клубовите од Скопје, Шведската амбасада, Холандските организации Aqva for all и AKVO.org, Македонската платформа против сиромаштија, Ramstore mall, Хуманост, Ладна, Горска, Елмо-Техна, Q language school, Извидничко Поречански одред „Галеб“, а листата на организации секојдневно се проширува.

You May Also Like