Бронзена статуа на Лазар Личеноски висока два метра денеска во присуство на премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Панче Кралев, беше откриена во дворот на истоименото средното уметничко училиште во Скопје.
Статуата ја изработи скулпторот Димитар Филиповски, професор во училиштето, по повод 110 години од раѓањето на Личеноски, еден од основоположниците на македонското современо сликарство.
– Донацијата е чин на почит кон овој наш великан. Сметам дека оваа статуа на Личеноски треба да отвори пат, односно до него во догледно време да се најдат Никола Мартиновски, Димо Тодоровски, како и други истакнати уметници кои овде биле директори и уметници, бидејќи на тој начин ние ќе градиме традиција во културата, истакна авторот.
Средното уметничко училиште беше реновирано неодамна со средства од Министерството за образование и наука, односно Владата, во износ од околу 40 милиони денари.
– Можеме да видиме дека условите во кои учат учениците се подобрени, со тоа што постоечкиот дел е реконструиран и надграден. Сега има доволно простор за одвивање на наставата. Исто така, има и мала галерија каде учениците ќе можат своите дела да ги истакнуваат и промовираат. Ова е една тековна инвестиција на МОН и на Владата во рамки на активностите обновување на образовната инфраструктура во државата, истакна министерот Каралев.
– Просторните услови се подобрени и сега може наставата да се одвива поквалитетно. Во наредните години ќе работиме да се подобри и снабдувањето со потребните материјали со кои работат учениците. Ова е специфично училиште, специфична струка и бара многу финансии во однос на материјалите, рече директорот на училиштето Ицко Петрески.
Авторот Филиповски дипломирал на вајарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1998. Десет години работел во ателјето на академик Томе Серафимовски. Од 2006 година е професор во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“. Автор е на поголем број скулптури, меѓу кои се бронзените скулптури „Шмизла“, „Заљубени“ и „Еееј!“ и мермерните статуи на Цар Самоил и Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје.
When it’s time to sell your house, choose CashHomeBuyers.io for a seamless experience. Our platform simplifies the process, ensuring you get a fair deal. Learn more at https://www.cashhomebuyers.io/kansas/cash-house-buyers-topeka-ks/.