Чаршијата со нови станари од областа на уметноста

Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска (петок 1 јуни 2011 година) со почеток во 21:00 часот во Безистенот во Старата скопска чаршија, ќе присуствува на свечената отворање на просториите кои минатата година им беа доделени на користење на ликовните уметници од ДЛУМ и од Арт-визија.


Со реализацијата на овој проект, кој е резултат на програмските активности на Владата на Република Македонија за промоција и повторно заживување на ова заштитено културно градско јадро, уметниците ќе добијат атрактивни ателјеа за творење и презентација на своите дела, како и кафе – галерија за средба со сите љубители на уметноста.

You May Also Like