Големиот мајстор на кларинет, Чарлс Најдих, кој во светот претставува голема атракција и е навистина ретка можност да се види на овие простори. Овој уметник прифати да дојде во Охрид, макар и на неколку часови, а не денови, само за да не почести со свој настап.
Со задоволство ја прифати поканата заради љубовта кон Македонија и тоа беше единствениот мотив на уметникот и покрај сите други услови, пред се’ финансиски, кои не соодветствуваат на стандардите на еден ваков уметник од светски ранк.
Покрај тоа што е врвен уметник, Најдих постојано е ангажиран како предавач на факултетите и мастер класите ширум светот, вклучително најпознатите школи “Juilliard“, “Manhattan“ и „Yale“, Queens College на Универзитетот во Њујорк, Академијата „Сибелиус“, Универзитетот во Мичиген. Воедно, најважната причина за љубовта на Најдих кон Македонија е фактот што во неговата класа дипломирале/магистрирале двајца наши македонски кларинетисти, Исмаил Лумановски и Васко Дуковски, кои живеат и успешно делуваат во Њујорк.
Посебна благодарност до Амбасадата на САД во Скопје, до г-динот Амбасадор Филип Рикер и г-ѓата Солвеј Рикер, за финансиската поддршка без која немаше да се реализира овој настап. Имено, тие беа фасцинирани од сознанието дека овој уметник има можност да дојде во Македонија, особено што и самите, како што изјави г-ѓата Рикер, патувале специјално само за да го слушнат Чарлс Најдих на концерт со Оркестарот од Минесота.
Биографија на уметникот
Чарлс Најдих се вбројува меѓу водечките светски изведувачи на дувачки инструменти. Критичарите го нарекуваат „мајстор на својот инструмент и повеќе од кларинетист“. Најдих активно настапува како солист и камерен музичар на концертните подиуми ширум светот, соработувајќи со водечки светски ансамбли вклучително Saint Louis Symphony, Minneapolis Symphony, Orpheus Chamber Orchestra, I Musici di Montreal, Tafelmusik, Handel/Haydn Society, Royal Philharmonic, Deutsches Philharmonic, MDR Symphony, Yomiuri Symphony, National Symphony of Taiwan, and the Juilliard, Guarneri, Brentano, American, Mendelssohn, Carmina, Colorado, and Cavani String Quartets.
Најдих е постојан учесник на бројните светски фестивали во САД, Канада, Англија, Франција, Италија, Финска, Јапонија, Кина и др. Неговата одлична школа, разнострани музички интереси резултираат со впечатливи и оригинални изведувачки проекти. Најдих е меѓу првите солисти кои почнале да импровизираат каденци за концерите и да свирaт на автентични инстурменти. Со особено внимание приоѓајќи кон записот на делото, тој ги враќа на подиумите оригиналните верзии на бројните композиции за кларинет.
Најдих ја промовира современата музика, остварувајќи праизведби на делата од Бабит, Денисов, Лахенман, Лобанов и многу други современи композитори, а и самиот се бави со композиција. Најдих е активен и како диригент со повеќе американски и европски оркестри. Неговите снимки се објавени од Ѕony Classical, Sony Vivarte, Deutsche Grammophon и др. Добитник е на награди и признанија за својата изведувачка и педагошка дејност, а има објавено и книга за основите на техниката на свирењето кларинет.
Концертот ќе се одржи на 23 јули 2011 година (сабота) во црквата Света Софија, со почеток во 21:00 часот. Чарлс Најдих ќе настапи со пијано придружба од Кацура Мицумото од Јапонија.