Пред два часа, Меморијалната спомен куќа на Тоше Проески во Крушево, беше свечено отворена. Објектот во употреба свечено го пушти Премиерот Никола Груевски и Министерот за култура Елизабета Канческа Милевска.
Пред огромен број посетители, гости од земјата и странство, претставници на државниот врв, како и бројни пријатели на Тоше, на присутните се обратија Премиерот Груевски, Министерот Канческа Милевска, Градоначалникот на Крушево Василчо Дамчевски, како и дел од семејството Проески.
Настап во живо имаа хорот Света Злата Мегленска, децата од Златно славејче, како и бардот на балканското глумиште, големиот Раде Шербеџија, кој отпеа песна напишана од страна на Тоше Проески, заедно со неговиот бенд, кој го придружуваше на настапите и Влатко Стефановски.
Во објектот се поставени над 350 автентични експонати, молитвеник, две восочни фигури како и реплики на неговото студио и собата во која творел, заедно со продавница со сувенири и предмети кои асоцираат на големиот Тоше.
Надвор има и голем ѕид на кој фановите се потпишуваа и оставаа пораки.
Ексклузивни фотографии од Гумење очекувајте за неколку часа на cOoLTuRa.mk