Изложба за дводецениското аматерско творештво на Игор Додевски

Љубителите на уметноста од Крива Паланка можат да ја погледнат ретроспективната изложба од дводецениското творештво на нивниот сограѓанин Игор Додевски.
Педесеттина дела работени во техника акрил на платно се изложени во градската уметничка галерија Градски музеј Крива Паланка во рамки на првата самостојна изложба „Дваесет години аматерско творештво“ на Игор Додевски.
Додевски е роден во Крива Паланка 1978 година, по професија е дипломиран правник, а со аматерско сликарство се занимава од најмлада возраст. Во почетокот работи цртежи со молив и јаглен, а подоцна и со акрилни и маслените бои на на платно, дрво и други медиуми. Тематски работи портрети, мртва природа, животни, апстрактна уметност, македонска архитектура и фолклор. Неисцрпен извор на инспирација во неговото творештво е Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кој е застапен со повеќе од една третина во неговото вкупно творештво.
Игор Додевски досега реализирал повеќе заеднички изложби во Музеј на Град Скопје, Културно информативен Центар Скопје, Музеј на град Битола, Хотел Гранит Охрид, Vibrant Art Gallery – Канада и други.

You May Also Like