Биенале на млади уметници во МСУ

Утре (9 мај, четврток) во 20:00 часот во НУ Музејот на современата уметност ќе биде отворено 10-то Биенале на млади уметници.

Темата оваа година “Солидарност, 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје” го одбележува и раѓањето на идејата за отворање на МСУ, како светска солидарна акција. И овој пат Музејот на современата уметност ќе додели награда за најуспешен автор, и самостојна изложба во рамки на програмските активности во иднина.

На Биеналето ќе бидат претставени 20 уметници од Македонија: Алексовски Дарко, Аранѓеловиќ Весна, Арсова Илина, Богоевски Борче,  Божурска Кристина,  Грабулоска Софија и Талески Дарко, Иванова Ана, Јовановиќ Ѓорѓе, Јовановски Филип, Јосифовски Ристо, Јовановска Михаела, Кировска Маја, Менков Горан, Петрушевска Александра, Пулејкова Кристина, Сотировска Марија, Симовска Маргарита Тошевска Славица, Манев Марко и Шимбов Андреа.

You May Also Like