Видео проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе e прикажан на меѓународниот интермедијален уметнички фестивал Кросинг Бордер во Хонг Конг, во периодот меѓу 1 и 20 октомври 2020 година.
На фестивалот годинава учествуваат над 30 уметници активни во сферата на видео арт, дигиталната анимација и перформанс арт од Кина, Јужна Кореја, Британија, Австрија, Полска, Германија …
Видео артот на Попоски насловен „Градот сам“ ја истражува просторната онтологија и постхуманата дејствителност во периодот на антропоценот, од перспектива на постхумана естетика.
Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје.
Има реализирано над 80 меѓународни изложби, а е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.