Денеска (25 април, четврток) во Домот на АРМ со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи првата самостојна изложба на уметникот Санда Миева, насловена „Хармонија“.
Со презентацијата на нејзината инсталација, Миева суптилно го третира и го проблематизира сопственото поимање за хармонијата. Пред сè, идејата на авторката е фокусирана на нејзиното интимно внатрешно чувствување и доживување на хармонијата, но и на влијанијата од природните и од наметнатите социо-психолошки феномени.
Со внатрешниот отпор кон тиранијата на надвореш¬ните состојби, таа се обидува низ својот визуелен дискурс истовремено да ги минимизира, да ги маргинализира, но и дискретно да ги акцентира ентропичките влијанија кои ја нарушија нејзината идеална слика за хармонијата.
Санда Миева е родена во Скопје, 1988 година. Дипломирала на факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2010 година на отсекот сликарство. Ова и е прва самостојна изложба. Претходно учествувала на повеќе групни изложби во Република Македонија и во странство.