На 25 јули, на платото пред МКЦ, во живо: ТИ, Dojo и Lepi Xhoni. Концертот е во рамките на програмата на Младинскиот културен центар, именувана како: Рефрени за летно освежување. Почеток: 21:30, влез слободен.
На почетокот на 2014, белградското дуо ТИ ги почести фановите со првото долгосвиречко издание насловено „Видимо се“. Албумот во самиот старт ги освои срцата на (се побројната) фан база, но не ја остави рамнодушна и критиката во целиот регион .
Албумот содржи девет сонливи, емотивни, речиси хипнотички песни. Како и претходното издание, и ова изобилува со заразни гитарски мелодии одсвирени од страна на Илија Дуни, пријатни бас мелодии одсвирени на синтисајзер, и фин ритам кој Трајче Николовски го диктира на својот електронски тапан.
ТИ не ве оставаат рамнодушни, нам во МКЦ ни се еден од новите омилени бендови, а „Видимо се“ слободно може да претендира да биде албум на годината.
DOJO
Dojo е songwriter/lo-fi/филмско/музички проект со примеси на изворно пеење.
Под псевдонимот DOJO се потпишува новосаѓанката Дуња Дачиќ, а доколку ви се интересни Thom York, Pj Harvey, Grimes, Bat for Lashes, Patti Smith, Nina Simone, Philip Glass, John Williams, Massive Attack и слични изведувачи, тогаш и оваа млада симпатична дама ќе го задржи вашето внимание.
Музика: https://soundcloud.com/dojod
Видео: http://vimeo.com/39329836
Социјални мрежи: https://www.facebook.com/dojodunja // https://twitter.com/dojodunja
Интервјуа: http://www.mixcloud.com/FEMKANJE/046femkanjegošćedunjadačićdojoiverglšpil13022014 / http://www.terapija.net/interwju.asp?ID=18681
Lepi Xhoni е соло проект на ултра креативниот и емотивен Љупа Ангелов (The John) во друштво на неговата гитара и пар електронски геџети стационирани во популарното скопско DownTown студио.
После долго време Lеpi Xhoni ќе ја истопори цела опрема на бина и ќе ја соголи душата пред гладната скопска публика. Синглот Среќа од изданието „Песни“ [PMGrecordings 094] е избран за македонски сингл на годината според стотројка.