Балетска вечер со „Есмералда“ во МОБ

Вечер (16 февруари, сабота) со почеток во 20:00 часот на сцената во МОБ ќе се изведе балетската претстава „Есмералда“ од Цезар Пуњи. Насловната улога ја толкува Александра Мијалкова.

Диригент на претставата Бисера Чадловска, кореографија Михаил Крапивин од Русија, сценографија Живојин Трајановиќ, костимографија Љупка Ристовска и концерт мајстор Климент Тодороски.

Солисти:
Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Ивана Коцевска, Киро Павлов, Драган Кочовски

Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ.

Содржина:
ЧИН I / Слика прва:Ноќ. По патот врви Гудула со дете во рацете. Немајќи повеќе сили, таа паѓа на земјата и заспива. Циганите кои поминуваат по патот го земаат детето мислејќи дека Гудула е мртва. Разбудувајќи се, Гудула не го наоѓа своето дете… Таа си помислува дека е украдено од циганите. Несреќната мајка од голема тага го губи разумот…

You May Also Like