Промоција на романот „По дождот“ на Раде Шербеџија во МКЦ

Во Младинскиот културен центар, на 26 февруари (среда), со почеток од 19 часот ќе биде промовиран неговиот последен роман „По дождот“ на познатиот актер Раде Шербеџија.

Препознатлив по широката насмевка, харизмата и добро познатите шешири Шербеџија вели „Ја сакам Македонија како свој дом, а тука ме чекаат мои драги луѓе“.

Познавајќи ја неговата богата кариера и вредностите што ги носи за балканската култура, тој на македонската читателска публика ќе им ги пренесе своите искуствата што му се случувале токму откако станал мегапопуларен во улогата на Александар во филмот „Пред дождот“ на нашиот режисер Милчо Манчевски.

You May Also Like