Изложба на уметникот Александар Ацо Таневски во галеријата КО-РА во Домот на градежните работници во четврток, 27.02.2020 со почеток од 19 часот.
Изложбата е од делот на неговиот нов творечки циклус, насловен како „Нумеризација“. Александар Таневски повеќе од десет години работи во Националната галерија на Македонија како едукатор, а повеќе од 20 години работи во сферата на едукација на младите.