Промоција на книгата „Пената на црниот бран“ од Владимир Илиевски, во издание на Македоника литера, на ден 7.11.2018 (среда) во Салон 19:19,со почеток во 19:19 часот/
Културно-Информативен Центар – Скопје, ве покани на промоција на книгата раскази „Пената на црниот бран“, од Владимир Илиевски.
Владимир Илиевски е раскажувач,поет,теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје, општа и компаративна книжевност. Пишува поезија „Избор и случајности“, “Нема исти утра“ и други, како и книжевна теорија „Цитатноста во лириката“. Преведен е на хрватски, српски,бугарски, украински, литвански, полски, италијански, англиски јазик. Добитник е на неколку награди.
Во своите раскази не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата, со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство.
Книгата ќе ја промовира, проф. Д-р Александар Прокопиев, а извадоци од книгата ќе чита, актерот Љупчо Тодоровски -Упа.