Премиера на „Шумарот“ во Кинотека

Денеска (среда, 27 февруари 2013), во 18:00 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на краткиот игран филм „Шумарот“ (To Guard a Mountain).

„Шумарот“ е 25-минутна семејна драма во која акцентот е ставен на односот помеѓу синот и таткото. Режисер на филмот е младиот талентиран Изер Алиу, а филмот е во продукција на ВЕДА Филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер. Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија.

Улогите во филмот ги толкуваат единаесетгодишниот Бесим Муртезани, шестгодишниот Алтин Аџани и актерот Бурхам Амити во улога на таткото.

ШУМАРОТ е добитник на престижната награда АМАНДА и е прогласен за најдобар краток филм на Интернационалниот фимски фестивал во Берген, Норвешка.

You May Also Like