Промоција на книгата „Записи за молитвата од Евагриј Понтиски“

Вечерва (сабота, 16 февруари) во Литературното кафè „Метаноја” (Максим Горки 19) со почеток во 17:00 часот ќе се одржи промоција на книгата Записи за молитвата од Евагриј Понтиски (4 век По. Хр). во издание на „Метаноја”.

Воведен збор ќе има директорот на „Метаноја” Нада Милкова, а за книгата ќе зборуваат преведувачот Тихомир Јанчовски и стручниот уредник на текстот Коста Милков. Делови од книгата ќе чита Александар Маџаровски.

Со овој настан ќе ја одбележи четвртата годишнина од отворањето на „Литературното кафè Метаноја”.

„Молитвата е активност која соодветствува на достоинството на духот или подобро, соодветна е за неговите поблагородни и прилежни дејства” (Евагриј Понтиски).

You May Also Like