Во просториите на Македонската филхармонија во среда на 26 декември ќе биде одржан концерт на македонската оперска пејачка, Мила Јаневска.
На концертот ќе се изведат дела од Моцарт, Штраус, Рахманинов, Дворак и Глук.
Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Мила Јаневска е од Скопје, и е студент во 4-та година на Универзитетот во Виена.