Проекција на краткометражниот филм „И(с)згубени“

Денес (вторник, 28 мај) во Џебното кино во МКЦ – Скопје ќе се одржи проекција на краткометражниот филм „И(с)згубени“

Вечерва (вторник, 28.05.2019) со почеток во 19:00 часот во Џебното кино во Младински Културен Центар – Скопје ќе се одржи проекција на краткометражниот филм „И(с)згубени“ во режија на Антонио Вељаноски и продукција на Story Scope Production во соработка со Studio FAMU.

По проекцијата, Гледај.мк (неформалниот колектив за театарска и филмска критика) организира дискусија со кинематограферот Владимир Димоски, композиторот Игор Василев Новоградска и продуцентката Елена Станишева.

Синопсис: „И(с)згубени“ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Повеќе информации има на настанот.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.

You May Also Like