На денешен ден: Роден е Димитрие Османли

На денешен ден, 29 мај 1927 година во Битола е роден Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер.

На март 1952 година Османли станал првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) станал и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“.

Османли бил прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје и редовен професор. За неговиот творечки опус добил бројни уметнички и општествени награди и признанија.

Умрел во Скопје на 13 март 2006 година.

You May Also Like