Не денешен ден: Започна борбата за слобода од фашистичката окупација

На денешен ден (11 октомври 1941 година) во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа.

Токму на ова место започнува востанието против фашизмот во Македонија со нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.
Оваа зграда – Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941 година“ во Прилеп е автентично сведоштво за ангажманот на повеќе од 8000 борци од Прилеп и прилепско во градењето на Македонската држава. Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на XX век.

Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ во Втората светска војна за конечно ослободување на окупираната земја.

Тоа бил почетокот на четиригодишната НОВ на македонскиот народ која заврши со успех. Овој ден и во поранешната СФРЈ и во независна и суверена Република Македонија се одбележува и прославува како ден на востанието на македонскиот народ.

You May Also Like