Почнува Меѓународната струмичка ликовна колонија

Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе почне 55 издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија.

На колонијата ќе земат учество 15 уметници од Македонија, Бугарија, Русија, Косово, Србија, Романија и Турција.

Истата ќе трае до 10 август и во тој период учесниците да создадат нови дела со кои ќе го збогатат уметнички фонд, кој се состои од над 2.200 најразлични дела создадени од околу 800 уметници од цел свет, изминатите години.

Во рамките на почетокот на годинашнава ликовна колонија ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Ѓорги Божинов-Фаника, насловена како „Корени“.

You May Also Like