Деновиве од печат излегоа две нови книги од драмскиот писател, поет, прозаист, драматург, публицист и литературен критичар, Зоран Пејковски.
Станува збор за поемата објавена преку Македонското научно друштво од Битола „Од предците за потомците или збратимени во името на своите предци“, и за учебникот за студентите по драматургија „Драмата во стих во македонскиот театар“, во издание на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска филмска, театарска и танцова академија, Скопје-Париз-Есен-Ротердам што претставува трета негова книга објавена засега.
Инаку, четврт книжевен проект по објавувањето на аудио книгата „Здивот на смртта“ кои стиховите ги говори актерот од Народниот театар од Битола, Борис Чоревски, за која минатата година од реномираната издавачката куќа „Феникс“ од Скопје ја доби и наградата „Орфеј“.
Пејковски, кој воедно е и редовен академик и почесен амбасадор на мирот најавува дека до крајот на годината ќе излезат од печат уште два нови ракописи, со што бројката на објавени книги во 2019-та година би била пет, односно шест книжевни проекти вклучувајќи ја и аудио книгата.