Националната галерија го откажа отворањето на изложбите, посетете ги самостојно

Националната галерија на Македонија го откажа вечерашното (вторник, 10 март) свечено отворање на планираните две изложни, откако во четвртокот го одложи свеченото отворање на јубилејната осмомартовска изложба за вечерва, заедно со франкофонската изложба на Канадската амбасада.

Во дописот на НГМ се вели:

Почитувани, со оглед на случувањата поврзани со потенцијалното ширење на корона вирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство, сакаме да Ве информираме дека најавеното отворање на двете изложби е ОТКАЖАНО. Сите посетители, почнувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот, секој ден од вторник до недела (сем понеделник) ќе можат индивидуално да ги погледнат истите и да уживаат во она што подготвивме за вас во Чифте амам. Ви благодариме на разбирањето и Ве очекуваме.“, се вели во соопштението на Националната галерија на Македонија.

Посетете ги овие одлични изложби и уживајте во уметноста.

You May Also Like