Се одржа „Архитектура – АСК 2012“

Вчеравечер (среда, 14 ноември), во Музејот на град Скопје, се одржа традиционалната Манифестаци Архитектура Скопје 2012, во чиишто рамки на авторите на најдобрите архитектонски решенија им беа врачени признанијата за нивниот труд.

Главната награда за архитектура на Град Скопје, ја освоија архитектите од Инженеринг Импекс СА, Скопје, Мишо Арсов, диа, Аднан Сарачини, диа и Игор Димов, иа, за проектот на објектот „Брути“. Пофалници за придонес во архитектурата на град Скопје, добија и авторите на деловниот објект АД„Осигурителна полиса“-Скопје, диа Сања Раѓеновиќ и диа Ненад Раѓеновиќ, како и авторите на Трговскиот центар „Скопје Сити Мол“, диа Грегори Ибнез, диа Звонко Тасевски и диа Крсте Петров од ДСЦ Дизајн-Скопје.

Во склад со традицијата на одржување на годишната манифестација Архитектите за Скопје-АСК, со интенција да се обедини креативен потенцијал на авторите-урбанистите, архитектите, градежниците и сите оние што учествуваат во изградбата на градот и придонесуваат Скопје да прерасне во современ град, вели архитектот Аљоша Шопар, селектор на АСК 2012 и помошник-раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје, којшто уште додава и дека селектираните 18 трудови од 11 автори кои имајќи ги предвид современите текови во архитектурата, но и можности на локалниот амбиент, претставува една реалност за оформување на современото и препознатливо Скопје.

Манифестацијата „Архитектура Скопје 2012“ е традиционална и секоја година се одржува во чест на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, а се реализира под покровителство на Град Скопје.

 

You May Also Like