На сцената на Стоби „Нерон и јас“ на театар од Казахстан

На сцената на Стоби претставата „Нерон и јас“ на Жамбилскиот регионален Руски драмски театар од Казахстан

На 17. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ вечер во 21 часот ќе биде прикажана претставата „Нерон и јас“ според делото на Едвард Радзински. Претставата, во режија на Куандик Касимов, по сценографија и костими на Ракхат Сапаралиева, ќе ја изведат актери од Жамбилскиот Регионален Руски Драмски театар од Казахстан.

Идејата на претставата може да се види и како крвава историја на владетелот Нерон и „измачените до смрт луѓе“ .Нејзините теми се слични со денешната трагична фарса на човековата судбина.Авторот ја отсликува алхемиската моќ.Нерон брутално ги убива заговорниците,правејќи од учителот Сенека сведок на неговите злосторства.Ова е актуелна филозофска претстава за власта.Проблемите на претставата ги допираат сите генерации и секој народ.

По пауза од три години кога фестивалот беше поместен на сцената во театарот во Велес, со враќање на древната античка сцена под отворено небо со ѕвезди во Стоби, годинава на нивна голема радост како организатори повторно се вратила и бројната публиката, а и сјајот на фестивалот.

Инаку вечерашната претстава на ИФАД „Стоби“ „Нерон и јас“ е петта и последна во конкуренција за наградите на фестивалот,а кои ќе бидат врачени во недела вечер на свеченото затворање на фестивалот.

За публиката од Велес за Стоби, обезбедени се бесплатно пет – плус два автобуси кои поаѓаат од 20 часот од центарот на Велес.

You May Also Like