Почнува фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Со фолклорно дефиле по Широк Сокак и со традиционалното оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, вечерва (28 јули, сабота) почнува 48. издание на Републичкот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Годинава првпат фестивалот има пет програмски вечери, стандард кој произлегува од членството на Фестивалот „Илинденски денови“ во светското семејство на фолклорни фестивали ЦИОФФ.

Oсвен од Македонија на фестивалската сцена ќе настапат уметници и од Јапонија, Шпанија, Полска, САД, Северен Кипар, Хрватска, Србија и соседна Грција.

На публиката ќе им се претстават интересни фолклорни групи со оригинален национален фолклор. Нивниот фолклорен производ освен на фестивалските вечери ќе биде претставен и на завршната интернационална вечер која ќе се одржи во локалитетот Хераклеа, а таму пак ќе настапи и Виолета Томовска во придружба на групата „Фонтана“ на заеднички концерт насловен како „Мојата Бабам Битола“.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, и со финансиска поддршка на Министерството за култура и општина Битола.

You May Also Like