На денешен ден: Роден е Кирил Македонски

На денешен ден (19 јануари 1925) во Битола е роден Кирил Македонски, македонски композитор чие име е поврзано со настанувањето на првата македонска национална опера „Гоце“, која својата прва премиера ја доживеала во Скопје, во 1954 година.

Пред операта „Гоце“ го привлекол вниманието на себе со симфониската поема „Танчарка“. На 5 ноември 1968 година на сцената на Операта при МНТ во Скопје била изведена неговата втора опера во четири чина со епилог „Цар Самуил“.

Покрај камерни творби, тој пишувал музика и за радиодрами и театарски пиеси, за краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“.

Умрел во Скопје, на 2 јуни 1984 година.

You May Also Like