Mузичка вечер со Рубенс Турку и Милана Чернјавска на „Охридско лето“

Осумнаесеттиот ден на годинешното „Охридско лето“ на програмата со концерт на германското дуо Рубенс Турку на виолина и пијанистката Милана Чернјавска во „Света Софија“ …

Германскиот виолинист Рубенс Турку своето деби го доживува во Америка, по што неговата концертна дејност зема замав и тој се појавува во најголемите концертни сали во светот и на најпрестижните музички фестивали во Германија. На тие настапи Турку се прославува како солист и камерен музичар заедно со изведувачите Јулија Фишер, Албан Герхард, Ана Чумаченко, Милана Чернјавска и голем број значајни музички ансамбли и оркестри.

Неговата дискографија опфаќа неколку компакт-дискови одлично прифатени од слушателите и стручната јавност. Успешен е и на полето на образовната дејност. Тој е професор на Државниот конзерваториум во Форарлберг, Австрија, на Академијата „Пероси“ во Биела, Италија, а редовно одржува и мајсторски курсеви во повеќе земји во светот.

Германската пијанистка со украинско потекло, Милана Чернјавска, се смета за една од водечките пијанистки денес. Нејзините артистички достигнувања се наградени со бројни национални и интернационални награди. Покрај солистичката дејност Чернјавска е позната и како камерен изведувач.

Во нејзината дискографија се сретнуваат повеќе десетици компакт дискови, направени во соработка со познати издавачки куќи. За нив Чернјавска има добиено повеќе награди. Често одржува и мајсторски курсеви, а може да се сретне и како член на жирито на повеќе престижни пијано натпревари.

На програмата се дела на сонати за пијано и виолина на Григ, Бетовен, Дворжак.

You May Also Like