Уметничка изложба на Михаела Јовановска во соработка со Вероника Камчевска – видео арт…
½ Состојбата е мултимедијален проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек.
Отворањето на овој мултимедијален проект ќе биде премиерно изложен и прикажан во Њујорк на 21 септември, и претставен се до 30 септември.
Михела Јовановска работи во Националната галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и Gallery MC – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија Лауба – Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ – Цетиње, Мала станица при НГМ, Биенале на млади, МСУ…
Патувањето и изложбата се оддржани од Министерството за култура.