Мирослав Масин со „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ во Даут-пашин амам

Денес се одржа прес конфоренција по повод изложбата на Мирослав Масин, која ќе се одржи во Националната галерија на Македонија.

„За да бидеш голем уметник треба да те проџвака историјата, да помине еден, два века. Така може да се види дали си голем уметник“, рече на денешниот прес уметникот Мирослав Масин, во пресрет на изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ која во среда, 15 мај 2024 година, со почеток во 20 часот ќе биде отворена во Националната галерија на Македонија, во објектот Даут-пашин амам во Скопје.

Тој ќе се претстави со 150 дела, 141 слика и цртежи и 9 објекти. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија на Македонија. Таа се надева дека публиката ќе ужива во малиот сегмент од богатиот опус на Масин кој годинава одбележува 40 години творештво.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни 2024 година.

You May Also Like