НТЦ Скопје организира НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ и д-р Вук Рајовиќ, автори на НТЦ програмата.
Семинарот е наменет за родители, едукатори, наставници, воспитувачи, педагози, лекари и сите што работат со деца и се вклучени во детскиот развој и едукација.
Д-р Ранко Рајовиќ е автор на NTC програмата, специјалист по интерна медицина, магистер на неврофизиологија и доктор за спортски науки кој моментално предава на неколку универзитети. Д-р Ранко Рајовиќ успешно ги импементира неговите специјалности од невронауката во педагогијата и неговите совети и практики се бесценети за секој родител и секој возрасен што е вклучен во раниот детски развој и процесот на едукација на децата.
Семинарот е наменет за родители и наставници, воспитувачи, едукатори, лекари и сите што се вклучени во детскиот раст и развој. На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието.
Семинарот ќе се одржи во Скопје на 14ти и 15ти Мај 2024 година (Вторник и Среда) на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски“
Повеќе информации можете да најдете на линкот од настанот:
на FB страната на НТЦ Скопје
или на веб страната на НТЦ Скопје