Промоција на играно-документарниот филм „Ти си Алеф“

На 22 јануари (вторник) во 20 часот во Македонска Опера и Балет во Скопје ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм – ТИ СИ АЛЕФ, на кој автор, сценарист, режисер, продуцент е проф. Д-р Соња Ризоска Јовановска.

ТИ СИ АЛЕФ е играно – документарен филм за неуморниот патник кој тргнал кон патот на вистината, правдата, светлината, љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму… Во улогата на Алеф настапува Игор Џамбазов.

Посебен белег на вечерта се настаните кои го отсликуваат – патот до Алеф. Ќе одржи концерт на доц. д-р. Абаз Јахја (изведба на бендир неј) и Ајдин Јахја (изведба на неј), како и ликовната изложба „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на проф. д-р Живко Поповски – Цветин (сликар,хуманист), и изложбата на фотографии “Од пепелта до вистината со Алеф“.

You May Also Like