Меѓународен ден на млади 2018 во Битола

МКЦ – Битола е една од најпрепознатливите младински организации во Република Македонија. Во периодот од 21 година постоење, МКЦ – Битола се разви во одржлива организација со значајни капацитети за организирање на различни проекти и програми во Македонија, регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

Во рамките на својата годишна програма на 12 август 2018 година (недела) со почеток во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола организира јавен настан за одбележување на Меѓународниот ден на млади 2018.

Настанот има цел да ја потенцира улогата на младите како суштински партнери во промените во општеството и можноста за подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.

Гости на настанот се младите луѓе од жонглерската група Acid Triple. Изведувачи кои сакаат екстремни начини на изразување, нивните перформанси претставуваат комбинација на жонглирање со оган, акробации и огнени илузии. Огнено доживување кое сите ги остава без зборови.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12-ти август од страна на голем број млади и организации низ целиот свет со организирање активности за подигнување на свеста за подобрување на состојбата на младите во својата земја.

Резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките кои директно влијаат на нивниот личен и општествен развој беше прифатена на 17.12.1999 година во Обединетите Нации. На овој ден се одржува годишна прослава за улогата на младите како суштински партнери во промените во општеството и можност за подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.

Агендата за одржлив развој од 2030 година, конкретно Цел 11, ја нагласува потребата за обезбедување простор за инклузивна и одржлива урбанизација. Исто така, Новата урбана агенда (НУА) ја потврдува потребата за јавни простори за младите да им овозможат да комуницираат со семејството и да имаат конструктивен меѓугенерациски дијалог.

 

You May Also Like