Миро Масин ја освои скопската публика со „Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“

Вчера вечер (вторник, 26 ноември) во Салонот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), беше отворена изложбата на академскиот сликар Мирослав Масин.

Иако изложбата закажана за во 19 часот, во првите минути по 19 не навестуваше голема посетеност, за само петнаесетина минути просторот целосно се исполни со публика, и така остана во следните два часа. Исклучително голема посетеност и интерес за новиот опус на овој истакнат македонски автор.

Изложбата ја отвори идниот потпретседател на МАНУ, академикот Газанфер Бајрам. Изложбата е насловена „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“.

Пред бројна публика, љубители на уметноста, колекционери и претставници од јавниот живот, Миро Масин го престави својата нова фаза од неговата уметничка експресија која како тема се птиците, а слоганот под која се отвори е „Ќе летаат пердуви“.

————————-

Мирослав Масин е македонски сликар, роден во 1963 година во Ниш. Тој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1988 година.

Член е на ДЛУМ, и во периодот од 2000 до 2001 година бил претседател на ДЛУМ. Бил на студиски престој во Велика Британија, Франција и Чешка. Покрај самостојни изложби, Масин учествува во инсталации и перформанси, во видео спотови, а негов е сценскиот дизајн на три претстави: во 1993, 1994 и во 2013 година, на мјузиклот Пенелопе Икс.

Започнувајќи со самостојни изложби во 1988 година, Мирослав Масин досега остварил повеќе од педесет во земјава и во странство, меѓу кои во: Џенова, Париз, Стразбур и Мајен во Франција, Берлин, Лондон, Белград, Сараево, Зрењанин, Подгорица, Љубљана, и на други места. Масин изработил триесетина инсталации и перформанси, меѓу кои: „Мајмун-човек-мајмун“ (1986, Стара чаршија, Скопје), „Кафез“ (1992, КИЦ, Скопје), „Мајмун-човек-банана“ (1995, КИЦ, Скопје), „Миро и Емил“ (1997, Зоолошка градина, Скопје), „Цивилизација“ (2000, Чимелице, Република Чешка), „Три желби“ (2005, Зоолошка градина, Скопје), „City Point“ (2009, Нирнберг, Германија) и други.

На 15 октомври 2014 година, во Галеријата на „Младинскиот културен центар“ во Скопје била отворена самостојната изложба на Масин, насловена како „Ашанте“ („Enchante“). На 7 април 2015 година, во Нишкиот културен центар била отворена самостојна изложба на Масин, под истиот наслов.

You May Also Like