На седницата одржана на 30 јули 2012 година, жирито на „Илинденски денови“ донесе одлука за наградување на најуспешните фолклорни групи, КУД, ансамбли и поединци што настапија на 42-от Републички фестивал на народни песни и игри во Битола.
1. За најуспешна група која презентира изворен – КУД „Бисер“ од Кичево;
2. За најуспешна група што презентира староградски фолклор -ВИА „Распеан Струмчани“од Струмица;
3. За најуспешна група што презентира детски фолклор – Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања;
4. За најуспешна група која презентира новопоставен обработен фолклор -Фолклорниот ансамбл „Битола“ од Битола;
5. За најуспешен изворен оркестар е прогласен Оркестарот на КУД „Бисер“ од Кичево;
6. За најуспешна вокална изведба е прогласено: Машко вокално трио на КУД „Брвеница“ од Брвеница;
7. За најуспешна новосоздадена народна носија инспирирана од изворната е прогласена носијата на Фолклорниот ансамбл „Етнос“ од Скопје;
8. За најуспешна и најкомплетна изворна носија е прогласена носија на ФА „Бучим“ од Радовиш;
9. За најуспешен автор што подготвил сценска презентација на изворна фолклорна содржина-Милена Стојческа од КУД „7-ми Септември“ Македонски Брод.
За најдобрите одлучувше жирито во состав: Блаже Палчевски-етнолог, Тофе Дракулевски-фолклорист и кореограф, д-р Родна Величковска-етномузиколог, д-р Александар Димитријевски-етномузиколог и Кире Стојчевски-етномузиколог.