На денешен ден, 3 ноември 1500 година во Фиренца е роден Бенвенуто Челини, италијански вајар и златар.
Својот бурен живот го опишува во автобиографијата која е значајна за културната историја на ренесансата.
Главни дела: „Персеј со глава на медуза“, „Козимо Медичи“, „Трактат за златарството“, „Трактат за вајарството“ и други дела.
Умре во Фиренца, на 14 февруари 1574 година.
