Промоција на книга од Стефан Хесел

Францускиот културен центар од Скопје ве кани на книжевната промоција на преводот на книгата – манифест на францускиот автор Стефан Хесел „Бунете се“. Преводот е на Благој Зашов, Претседател на асоцијацијата „Франкофонски круг – Скопје“.

По промоцијата на делото следи дебата врз основа на тематиките на книгата, која ја бранува светската јавност и содржи многу пораки до младите.

Учесници на дебатата се:
– Нано Ружин, Декан на Факултетот за политички науки и меѓународни односи на ФОН и
– Алберт Муслиу, Извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи.

Дебата ќе се одржи во среда 8 јуни 2011, со почеток во 19 часот, во ЕУ Инфо центарот, а организирана е во соработка со ЕУ Инфо центарот и асоцијацијата „Франкофонски круг – Скопје“.

За настанот е обезбеден симултан превод.

You May Also Like