Изложба „Female fish“ од Мирослав Величковски

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, денеска (четврток, 22 октомври) во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на слики насловена „Female fish“ на авторот Мирослав Величковски…

Во рамки на изложбата ќе бидат претставени 17 дела од најновата продукција на авторот.

Величковски завршил училиште за применета уметност и Факултет за ликовна уметност во Скопје. Дипломирал на оддел – вајарство, отсек – керамика, во класата на проф. Жарко Башески. Мирослав Величковски учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство.

You May Also Like