Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, концерт на мандолинскиот квартет „DA CAPO” од Сплит, Хрватска во состав Ивана Кенк Калебиќ, Стела Иванишевиќ, Томислав Калебиќ и Стипан Поповиќ.
Вечерва (понеделник, 30 јули) од 20:30 часот во Музејот на град Скопје, концерт на мандолинскиот квартет, Da Capo.
Мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит, е формиран во септември 1997 година под името Мандолински квартет „Сплит“ со уметничкиот директор, денес за жал, починатата Марина Катунарича, најголем музички педагог и едукатор на мандолинската „жица“ во регионот на Далмација.
Во октомври истата година учествува на Меѓународниот мандолински фестивал на „Giacomo Sartoti“ во Али (Италија), каде остварува извонредни резултати. По враќањето, квартетот продолжува со функционирање под ново име „Da Capo“. На публиката за прв пат и се претставија во декември истата година, по што следеа концерти во катедралата Св. Дује, Пинакотеци на Пресвета Богородица, фоајето ХНК – Сплит, во Сутиван, Супетар и Бол на Брач, во Трогир, Макарска и Башка Вода.
Влезот е слободен.